Поранешната љубовница на Наташа Гигс (29) во вторникот на паркинг ја чекала нејзината сестра Кери која работи во близина.
Рајан Гигс (37) и неговата сопруга Стејси (34) излегувале од кински ресторан ‘Tung Fong’, недалеку од својот дом во Манчестер, и по извезно време ја здогледале Наташа, жената на неговиот брат Родри Гигс (34) со кој Рајан осум години ја изневерувал сопругата Стејси.
Одеднаш се слушнале голем број навреди кои Гигс, Стејси и Наташа си ги упатиле едни со други. Изненадените возачи ги запреле своите автомобили и со чудење го следеле индидентот.
-Ти не си ништо друго туку еб… курва – и вели Стејси на Наташа.
Рајан во тој момент се свртел кон неа и и рекол да ја затвори еба…. уста и да влезе во еба…. автомобил.
Откако Стејси го послушала, нервозниот фудбалер посочил со прстот во поранешната љубовница и извикал: Дали си еба.о горда на себе?
Гагс и Наташа потоа продолжиле со навредите, по што фудбалерот извикал: Дали сфаќаш дека никогаш не се замарав со тебе, за мене тоа беше само секс.
Наташа по овој инцидент на Twitter објавила дека е навистина непријатен момент да налеташ на личност за која никогаш не сте мислеле дека ќе ја сретнете повторно.
Откако во јуни Наташа јавно ја открила нивната осум годишна врска, поранешните љубовници престанале да се гледаат и веќе не разговараат.
Гигс го запознала во март 2003 година во еден ноќен клуб во Манчестер. Спиела со него додека бремената Стејси седела дома. По два месеци, започнала да се забавува со неговиот брат за кој се омажила, а се до почетокот на оваа година имала и сексуални одоси со Рајан. Признала дека во текот на нивната осум годишна врска имала и спонтан абортус со негово дете.
Аферата со него ја открила откако се дознало дека фудбалерот ја изневерувал сопругата Стејси и со поранешата мис Велс, Имоген Томас.
Додека Стејси одлучила да остане со неверниот Гигс, бидејќи не може да си го замисли својот живот без него, неговиот брат Родри одлучил да се раздели од Наташа.