Бронзениот задник на Садам Хусеин, на аукција! :)

popara13 октомври, 20111min00
451788-saddam-hussein

Задникот од бронзената статуа на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, која беше срушена во Багадад по инвазијата на американските трупи во 2003 година, наскоро ќе се најде на аукција.

Ова „парче од историјата“ долго 60 сантиметри, на лицитација ја ставил поранешниот британски војник Најџел Ели кој го земал непосредно откако американските марицни ја срушија статуата во акцијата која беше емитувана во живо на телевизија.

Тој раскажал дека маринците му дозволиле со помош на чекан да ја скрши задницата на статуата и да си ја земе за дома. Ели морал да плати 600 евра за прекумерната тежина на багажот за да може овој сувенир да го пренесе со авион до Велика Британија.

Во аукциската куќа Хенсос наведуваат дека тоа „парче на модерната историја“ може да достигне цена од 10.000 фунти.

„Ова може да ги привлече како воените, така и уметничките колекционери, но и сите оние кои се зантересирани за настаните кои го обиколија светот во кој живееме“, изјавил претставник од Хенсос, кој аукцијата ја закажа за 27 октомври.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma