Еден од највлијателните мафијаши во еден затвор во регионот Волга живее во луксузен апартман опремен со виски, телевизори и клима уреди, објавиле руските медиуми.
„Некои затвореници од казнената колонија број 12, кои се сметаат за шефови, живееле во ќелии кои биле опремени со мебел и луксузни предмети“, пишува во изјавата од судот од Волгоградскиот регион, кој размислува за можноста да се покрене истрага против раководството на затворот кој го дозволил ова однесување и кршење на законите.
„Затворските лидери имале слободен пристап до телефон и интернет, а илегално поседувале ладно оружје и алкохол“, било наведено во соопштението.
Руските весници прецизираат дека има три „златни“ ќелии во кои имало и аквариуми, лцд телевизори и клима уреди. Ѕидовите биле украсени со фотографии од мафијашки лидери и православни икони.
„Бар со алкохолни пијалови –вотка, коњак, виски, пронајден бил во една од ќелиите во кои имало и фрижидер полн со храна“, пишувало во весникот.
„Тие луксузни апртмани официјално биле наречени „простории за воспитно-образовна дејност““, било н аведено во весникот. Локалната служба за примена на кривични санкции покренала истрага поради овој случај.