Пушење бомбони?! Кој кого овде прави будала?!:)))

popara14 октомври, 20111min00
bomboni

На училиште обично не може да влезеш со пола коло хероин или полу-автоматска пушка, но со бомбони? Епа, ни со нив! Во Америка професорите почнале да се фаќаат за глава кога сфатиле  дека група на ученици “пушат”, наместо да ги лижат и џвакаат познатите бонбони Smarties и Pixy Stix.

Како се пушат бонбони?

Ги полеваш со бензин, ги ставаш во луле и тотално си хај? Не баш…всушност, воопшто не се работи за пушење, иако така изгледа. Децата, всушност шмркаат бомбони од хартија, ќе ги ”сролаат” и поради тоа што се преполни со шеќерна прашина кога ќе повлечат од уста им излегува дим, т.е облак од шеќер во прав.

Сепак, училишните власти се вознемирени затоа што, група на деца прави нешто што потсетува на пушење и шмркање, па еден ден лесно би можеле да ги заменат бонбоните со некои други работи. На пример, со зачини од домакинството. Покрај тоа, некои паметни манџери се сетиле на луда теорија, па изјавиле дека вдишувањето на шеќерната прашина создава црви во носот. Другите пак велат дека шеќерот делува на гркланот како парчиња од жилет, па може да ги оштетат белите дробови. Добро е што не изјавиле дека од вдишувањето на шеќерот може да се забремени, тоа би било поубедливо.

Најголема опасност за здравјето, според наше мислење, е тоа дека екипата со сигурност изгледа неверојатно глупаво со облак од шеќер околу себе. Епа, од тоа е потешко подоцна во животот да се излечите. Со тоа, ако си бил глупав на 16 години, на 32 ќе бидеш најмалку двојно поглупав.

Така е тоа во Америка…

Нема цигари, нема алкохол, сите живеат како во детска градинка до 21 година, која е граница на нивната полнолетност, а потоа на 21от роденден се пијанчат и дрогираат како млади мајмуни. Кога друштвото те третира како ретардирано дете се до дваесеттите години, големи се шансите да останеш таков до крајот на животот. Еве, не им дозволуваат ни да пушат бомбони…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma