Како и пред секој филм на Џо Рајт, и пред адаптацијата на книгата на Толстој “Ана Каренина” можеме само да кажеме: Побрзај, Џо!
Нашата омилена продукциска куќа “Working Title Films”, започна со снимањето на епската љубовна приказна” Ана Каренина “(Ana Karenina), адаптација на класичниот роман на Лав Толстој. Сценариото е потпишанo од Том Стопард, а режијата е на еден од нашите омилени режисери – Џо Рајт.
“Ана Каренина”, ќе биде четвртиот филм на Рајт за студиото “Working Title Films”, по реализацијата на големите филмски хитови “Гордост и предрасуда”, “Покајание” и “Солист”.
Кира Најтли, е номинирана за Оскар за улогата во филмот “Гордост и предрасуди”, a ќе ја игра I Ана Каренина – ова всушност е нејзина трета соработка со Рајт. Нејзиниот сопруг, Алексеј Каренин ќе го глуми Џуд Ло, а Арон Џонсон ќе го игра грофот Вронски. Накратко, екипа од соништата!
Филмот ќе се снима во Велика Британија и Русија. .. а, ние ќе го очекуваме најбрзо што може да го погледнеме во нашите кино сали!
Потсетете се како брилијантно Џо, ја екранизираше “Гордост и предрасуди” на Џејн Остин.
httpv://www.youtube.com/watch?v=cTZAzVzFShw