Откако Линдзи Лохан била фотографирана како се забавува со нејзината мајка Дина, станало многу јасно зошто младата актерка е склона на екцентрично однесување.
Поточно, на откачената прослава по повод 49 роденден на нејзината мајка Дина, Линдзи и нејзината мајка биле снимени како се бакнуваат во уста, и тоа поприлично страсно.
Фактот дека и двете биле наводно многу пијани, не им оди во прилог.
Линдзи и Дина славеле во Њујоршкиот ноќен клуб Beauty & Essex, а кога размениле нежности не им пречело присуството на папараците.
И пред неколку дена мајката и ќерката биле снимени како разменуваат бакнежи пред еден ресторан во Лос Анџелес, откако испиле три шишиња вино.