Кејт мос е една од најдобрите манекенки на светот, таа е вистинска модна икона. Со оглед на тоа дека постојано е опкружена со професионални шминкери, таа научила неколку трикови за полесно и поефикасно шминкање. Погледнете што советува таа:
Носете црвен кармин: Помислете на Мерилин Монро и Грејс Кели, секогаш фокусот е на усните!
Користете црно моливче наместо течен туш: Иако тушот е лесен и прецизен за употреба, доколку згрешите мора одново да почнете. Со црно моливче грешките се поправаат многу полесно.
Никаде без руменило: Руменилото ќе ви даде сјај и живост на вашето лице.
Виткач на трепки: Тајната на убави и долги трепки е виткањето, па нанесувањето на многу маскара.
Крема за сонце е обврзна: Во летните денови секогаш носете крема за сонце со заштен фактор. Тоа е добро за вашата кожа и за вашето здравје.
One comment
викторија
29 декември, 2011 at 14:25
mnn sum impresionirana od vasite soveti za ubavina,nega i zdravje na kozata ..<3