За да бидам популарен ако треба и ќе се убијам:))) абе пу да пукнеш, памет немаш :)))

popara14 октомври, 20111min00
naslovna

Еве што смислиле младите американски генијалци  за да ја убијат досадата… а и себе веројатно, но тоа сега е помалку важно.

Игра – гушење

Во 2010 година се пријавени 52 случаи на смрт или сериозна повреда, откако група на деца ќе одлучат да си играат гушење. Поентата на играта е свесно и намерно предизвикување недостаток на кислород во мозокот, бидејќи тоа доведува до… сексулен врв или оргазам. Некои истражувања покажуваат дека 40% од нив сметаат дека нема никаква опасност од тоа. Останатите 60% веројатно се веќе под земја. Ништо, ако во некој момент одлучите да извршите самоубиство, еве ви добар пример за да се убиете. Замолете го пријателот да ве угуши и ќе умрете среќни.

СМС пораки додека возите и сурфање по автомобили

Жените возачи делуваат прилично едноставни  во споредба со навалата на диви хормони во потрага по адреналин, кои најчесто се случуваат кај момците. Минатата година загинале 6.000 тинејџери поради смс-ување за време на возење, а 58 од нив загинале додека сурфале по автомобилите, односно се возеле на покривот од автомобилот. Како што гледате, воопшто не е важно дали во автомобилот има возач или автомобилот е оставен да си вози сам, а т.н. возач е качен на покривот и се надева дека ќе остане жив.

Самозапалување

Кога повеќе незнаеш како да привлечеш внимание, секогаш можеш да се самозапалиш. Укради малку бензин од автомобилот на тато, земи кибрит или запалка сеедно и тоа е тоа… Ќе бидеш фаца каква што некој не видел до сега. А потоа може и да ни испратите фотка од болница со секси медицинска сестра.

Како и да е, на YouTube се појавија и туторијали во стилот “како ‘сигурно’ да се самозапалите”, а во прилог може да погледнете и еден од нив. Само немојте после да кажете дека не сме ве предупредиле дека тоа не е добра идеја.

Но ова не е се, група на деца смислиле шмркање на сол за бања од која во најдобар случај ќе останеш парализиран, цицање крв и глумење вампири…

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag