Откако Севе и Дреле го избрале среќниот добитник, на кој убавата пејачка ќе му запее во неговиот дом, Севе признала дека никогаш не пеела на толку невообичаено место.
Кога возбудата веќе кулминирала, Дреле заѕвонил на вратата на среќниот добитник, кој ја отворил целосно шокиран.
Потоа Дреле му го подал телефонот на среќниот г-дин Грабовац, а на линија била неговата омилена ѕвезда Северина.
“Со нетрпение чекам да ве посетам и да запееме заедно”, изјавила Севе.
Северина исто така му пасакала среќен роденден на синот на Роберт, Матиј, а кога Саша ја запрашал дали и она има некоја желба, таа им признала дека најголема желба е да јаде кисели краставички.
Концерт во семејниот дом на Грабовац ќе се одржи во четврток на 20 октомври.