Сакате витко тело? Доволни се 20 минути вежбање дневно!!!

popara15 октомври, 20111min00
vezbi

Многу познати ѕвезди велат дека за нивниот добар изглед се заслужни секојдневните вежби од само 20 минути.

Денес животот се одвива со премногу брзо темпо, па ретко кој од нас може да одвои секој ден по еден час за во теретана. Сепак, според експертите по фитнес, решение за одлична фигура, е секојдневно вежбање по 20 минути.

Пример дека оваа идеја успева е познатата актерка Џенифер Анистон, како и супермоделот Хелена Кристенсен, кој велат дека вежбаат само 20 минути дневно, но дека тоа го прават секој ден. Судејќи по нивните прекрасни тела, овој концепт на вежбање мора да е успешен.

Според американските фитнес експерти, 20 минутни интензивни вежби се еднакви на 45 минути вежби со помал напор. Сепак, тие советуваат дека мора да бидете во форма за да го применувате овој начин на вежбање, бидејќи од вас се бара високо ниво на физичка издржливост.

„Не смеете веднаш да почнете со тешки и исцрпувачки вежби. Најпрво почнете со лесни вежби, а потоа прогресивно зголемувајте го темпото“, советува експертот за фитнес Стив Барет.

Ајде на вежбање, затоа што навистина вреди да потрошите 20 минути дневно за да имате совршено тело!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma