Мажите почесто изневеруваат! Крива им била економската криза…

popara15 октомври, 20111min00
izneveruva

Според последните истражувања, мажите на кои им е загрозена работата и финансискиот опстанок многу почесто ги изневеруваат своите партнерки.

Економската криза и чувството на загрозеност ја засилува сексуалната желба кај мажите, што е резултат на природниот нагон за опстанок, објаснуваат американските научници.

Истражувачите во Универзитетот во Канзас побараа од своите испитаници да размислуваат за смртта или преживувањето за време на економската криза. Друга група на испитаници размислувала за помалку страшни работи, како на пример забоболка. Потоа на двете групи им биле покажани порно слики, а испитаниците од првата група биле значително повеќе „попалени“.

Научниците објаснуваат дека мажите реагираат бурно на потенцијалните опасности од рецесијата, како отказ или немоќ за издржување на своето семејство. Нивното тело бара начин за опстанок, а репродукцијата и пренесувањето на гените се природно решение.

„Кога се во сигурно опкружување, кога се задоволни иуспешни, мажите се концентрираат на семејството и на партнерката. Но кога ситуацијата се влошува, тие бараат спас во прегратките на други жени, бидејќи тоа потсвесно го гледааат како начин за опстанок“, објаснува Омри Гилат, раководителот на истражувањето.

Економската криза сеуште трае. Затоа, ако вашиот партнер не е задоволен од работата и платата, време е да го следите и да дознаете дали бара излез од рецесијата во прегратките на некоја згодна плавуша…

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma