Тој магичен свет – Јужна Африка :))))

popara15 октомври, 20114min00
juzna afrika

Африка е огромен континент полн со прекрасни места. Да се одберат 10-те најубави места во Африка е навистина тешко, но доколку мора да изберете една држава која треба да ја посетите тоа сигурно мора да биде Јужна Африка. Ви ја предлагаме оваа листа на дестинации доколку се решите да го посетите „црниот континент“ и прекрасната Јужна Африка.

1. Планината Тејбл е планина која има уникатен рамен врв и буквално изгледа како маса. Оваа уникатна планина ќе ве воодушеви со прекрасните глетки и својата единственост.

2. Масаи Мара нуди прекрасни пространи савани и недопрена дивина која ќе ве остави без здив. Таму се наоѓа прекрасниот резерват кој ви нуди незаборавно садари патување. Освен со џип, убавините на Масаи Мара може да ги доживеете и со воздушен балон.

3. Гарден Рут (Патот на градините) е пат кој се простира покрај прекрасно крајбрежје. Долг е околу 200 км, а започива во гратчето Витсанд и завршува кај планината Тстисикама, која изгледа како шума од бајките. Долж целиот пат сте опкружени со прекрасни растенија, дрва и цвеќиња,  како и езера, реки и прекрасни песочни плажи крај океанот.

4. Националниот парк Кругер е резерват кој нуди доживување на вистинските квалитети на Африка. Недопрената природа и непредвидливоста на дивината ви нудат незаборавно искуство. Овој национален парк е најголем во Јужна Африка, а во светски рамки е признат како една од најдобрите локации за сафари.

5. Гратчето Кнусна, кое се наоѓа долж Гарден Рут, е опкружено со прекрасни езера, огромни шуми и преубави плажи. Овој град е најдобриот туристички град во Јужна Африка, заради одличните ресторани и врвната услуга на локалите.

6. Викториините водопади се едно од најубавите чуда на природата. Со своите импресивни 1708 метри, Викториините водопади се најголемите водопади на светот. Доколку имате можност да ги посетите, ќе останете маѓепсани од прекрасната глетка.

7. Кејп Таун е еден од најубавите градови во светот, каде ќе најдете преубаво крајбрежје со песочни плажи, винарии и лозови насади, но и град на културата измешана од повеќе народи. Кејп Таун е интересна туристичка дестинација, со топли лета и умерени зими.

8. Стеленбош е втор по ред најстар град во Јужна Африка, а најголемата атранција која че ја најдете е огромната винарија со 44 винарски визби, каде со произведуваат многу типови на вино.

9. Дурбан е град со тропска клима, кој се наоѓа на источниот брег на Јужна Африка. Градот е всушност долж прекрасна песочна плажа, каде ќе сретнете луѓе од секаков калибар. Во Дурбан се наоѓа и едниствениот музеј за сурфање во Африка, како и неколку клубови за луксузни јахти.

10. Планините Дракенсберг се протегаат неверојатни 400 км, а исто така се познати под името „Планини на Змејот“. Овој планински масив се смета за едно од најважните туристички атракции во Јужна Африка. На овој планински масив се наоѓаат неколку национални резервати, а највисоките врвови се изигнуваат дури до 3000 метри.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma