Најголемите феномени во светот, кои не се предизвикани од човекот! – прв дел

popara15 октомври, 20111min00
unexplained-phenomena-frog

Крастави жаби во камен јаглен

Според официјалните и реномирани извори постојат над 90 евидентирани необјаснети случаи во кои водоземци се пронајдени живи, но целосно обвиткани во јаглени џебови или камен. Од овие случаи, 40 се жаби или крастави жаби. Повеќето значајни случаи се документирани во книгата – “Тајните на необјаснетото”. Постои макета со примероци од различни откритија. Во повеќето случаи жабата е откриена во шуплина исполнета со мукоз, обвиткана со мембрана и вообичаено е многу бледа или има бела боја.

По неколку минути изложеност на воздух, водоземецот оживува, но само за кратко време кога станува наполно сив и доаѓа до создавање на проблеми со респираторниот систем. Во повеќето случаи животните умраат во рок од 24 до 72 часа, но постојат некои референци дека кога овие кутри суштества би се ставиле во свежа езерска вода имаат шанси да живеат подолг временски период. Како еден битен факт поврзан со овој феномен е мислењето дека “карпите” во кои се наоѓаат водоземците можеби се формирале во последните илјадници години, а не пред неколку милиони.

На крај, жабите и краставите жаби не се закопуваат во “мека кал” бидејќи може многу бргу да дојде до фосилизација, доколку се создадени потребните услови и да се претворат во камен доколку се изложат на високо ниво на минерализирана вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma