Осум најопасни вируси во историјата на компјутерите

popara15 октомври, 20113min00
0

Што ќе се случи ако вашиот компјутер биде инфициран од вирус? Одредена порака цело време ви се појавува, или може да предизвика фатална грешка во вашиот компјутер? Тоа зависи од тоа за каков вирус се работи. Компјутерски вирус е компјутерска програма која може самата да се копира и да го инфицира вашиот компјутер. Ви ги претставуваме најопасните вируси во историјата!

 

1) Jerusalem – 1987

Ова е еден од првите MS-DOS вируси во историјата што предизвикуваат огромни попречувања, кои ги напаѓаат државите, универзитетите и компаниите во светот. На петок 13, 1988 компјутерски вирус успеа да инфицира голем број на институции во Европа, Америка и Средниот исток. Името на вирусот беше дадено според првото место кое го заразил – Универзитетот во Ерусалим.

Заедно со голем број на останати компјутерски вируси, вклучувајќи ги “Cascade”, “Stoned”, “Vienna,” вирусот од Ерусалим успеа да инфицира илјадници компјутери останувајќи незабележан. Тогаш антивирусите не беа толку напредни како што се денес, и многу корисници не веруваа дека постојат компјутерски вируси.

 

 

2. Morris (познат како Internet Worm)- ноември 1988

Моrris, или Internet Worm, беше еден од првите комјутерски „црви” пренесувани преку интернет. Се смета дека првиот „црв” беше еден од првите со големо значење и медиумско внимание. Исто така тој беше причината за првото судење во САД кој го вклучуваше Законот за компјутерска измама и злоупотреба од 1986. Откако „црвот” ќе ја открие интернет конекцијата, се што треба да направи е самиот да се копира на таа локација, и да продолжи нормално да работи. Поминаа седум години откако „црвот” беше поразен, но сеуште е корисно да се знае што се случувало, како програмата работела, и под кои услови е дозволено да го прави тоа што го прави. Имајќи го ова на ум, има голем број на подтеми на интерес.

 

 

 

3) Solar Sunrise – 1998

Две американски тинејџерки од Калифорнија, ја изненадија американската влада кога, во 1998, влегоа и контролираа околу 500 системи кои припаѓаа на владиниот, како и на приватниот сектор. Ова беше направено со помош на компјутерски вирус и на ваквата ситуација и беше дадено името Solar Sunrise, по оперативниот систем наречен Sun Solaris. Kомпјутерите кои го имаа овој оперативен систем имаа неколку слабости. Владата на САД добија златна шанса за да го обвинат Ирак, но наскоро беше откриено дека злосторниците беа американци.

На почетокот се веруваше дека нападите биле планирани од оператори во Ирак. Подоцна беше откриено дека инцидентите се направени од две американски тинејџерки од Калифорнија. По нападите, Министерството за одбрана превзеде драстични мерки за да ги заштити идните инциденти од ваков вид.

 

 

 

 

4 ) Melissa – 1999

Вирусот Melissa, исто така познат како “Mailissa”, “Simpsons”, “Kwyjibo”, или “Kwejeebo,” е вирус на масовно праќање електронска пошта. Бидејќи не е самостојна програма, всушност не претставува „црв.” Mellisa може да се рашири на процеси како Microsoft Word 97 и Word 2000, како и Microsoft Excel 97, 2000 и 2003. Исто така може да ги зарази Microsoft Outlook 97 и 98. Ако документ на Word го содржи вирусот, или LIST.DOC или некоја друга датотека, тој праќа електронски пораки на сите контакти.

Kомпјутерскиот вирус Melissa беше развиен од David L. Smith. Неговото име доаѓа од една стриптизерка која програмерот ја запознал додека бил во Флорида. Откако беше пронајден, креаторот на вирусот беше казнет со 20 месеци затвор и доби казна од 5.000 долари.

 

 

 

5 ) I Love You – мај 2000

Ова е еден од најопасните „црви” кој се раширил на интернет за една ноќ. Инфицирал околу 10 проценти од сите интернет корисници, и монетарната загуба од него беше околу 5,5 милијарди долари. Процесот започнува кога корисникот ќе прими електронска пошта со наслов „ILOVEYOU” и припратка „LOVE-LETTER-FOR-YOU.TXT.vbs”. Oткако документот ќе се отвори вирусот успева да прати копија до сите контакти во Windows Address Book. Oвој „црв” веше направен од студент од Филипини, кој беше казнет, бидејќи Филипините немаат закон кој се однесува на сајбер криминалот. Можеби овој инцидент беше една од главните причини за создавањето на European Union’s global Cybercrime Treaty.

 

 

 

 

6 ) Code Red worm – јули 2001

Code Red worm е компјтерски „црв” откриен на интернет на 13 јули, 2001. Ги напднал компјутерите кои имаат Microsoft IIS веб сервер. Code Red „црвот” беше прво откриен и истражуван од вработените на eEye Digital Security. Го нарекоа .ida „Code Red worm” затоа што тогаш пиеле „Code Red Mountain Dew,” и поради фразата „Hacked by Chinese!” со која црвот ги преплави веб страниците.

 

 

 

 

7) Nimda- 2001

Nimda е компјутерски „црв”, кој исто така ги заразува датотеките. Брзо се рашири, и и наштети на економијата повеќе од минатите видови како Code Red. Повеќекратните пропагандни вектори му овозможија на Nimda за 22 минути да стане најраспростанетиот вирус/црв на интернет. „Црвот” беше откриен на 18 септември, 2001. Nimda беше сметан за еден од најкомплицираните вируси, со 5 различни методи на сопствено дуплирање и инфицирање на компјутерските системи.

 

 

 

 

8) Downadup- 2009

Црвот Downdadup, исто така познат како Conficker и Kido, има инфицирано околу 6 милиони компјутери за време на 3 дена. Неговиот заразен програм може да се шири користејќи дел од мааните на Windows. Според New York Times, овој вирус има околу 7 милиони компјутери под своја контрола. Најзаразен нации беа Кина, Аргентина, Бразил, Русија и Индија.

 

 

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag