Австралијанецот кој донирал исклучително редок вид на крв, за 56 години спасил животи на повеќе од два милиони бебиња. Џејмс Харисон(74), има антитела во неговата плазма, со што помогнал да се излечат бебиња кои боледуваат од Rhesus, форма на тешка анемија. Откако дознал дека има антитела во неговата плазма, со неговата крв се третирани повеќе стотици илјади жени.
Г-дин Харисон дарува крв на секои неколку недели, и тоа го прави од своја 18 годишна возраст, и се смета дека досега помогнал да се спасат околу 2,2 милиони бебиња.
Кога Џејмс Харисон на 14 години, добил трансфузија на крв за време на операција која му била извршена на градите, благодарен на тој чин, Харисон ветил дека додека е жив ќе донира крв. Тој и останал верен на својот збор. Џејмс денес има 74 години и се уште редовно донира крв. Поради неговата уникатна крв и можноста да донира, Харисон уште е познат и под името човек со “Златна рака”.