‘Испеглајте’ го вашиот мозок!!! Ќе Ви работи – беспрекорно :) Читај како :)))

popara15 октомври, 20111min00
thinking

Долг живот не е некоја радост ако веќе на ништо не се секавате. За среќа, колку и да сте стари можете да го сочувате помнењето и бистар мозок ако секојдневно правите ментални вежби.

Праактикувајте секој ден да вежбате и до крајот на месецот веќе ќе почувствувате дека меморијата ви се подобрува.

Американската програма 2011 Longevity Program, ги потикнува луѓето секојдневно да извршуваат едноставни идеи  и со тек на времето да развијат здрави навики.

Научниците веќе докажале дека човечкиот мозок има неверојатна способност да регенерира и може брзо да се прилагодува. Со вистинските стимулации на мозокот може да создадете нови нервни врски и да го зголемите когнитивниот капацитет, поради што полесно ќе учите и помните.

Со зрелоста, мозокот создава милиони нервни врски со чија помош решавате различни проблеми и ги процесирате информациите. Но, тоа не смее да ве задоволи, на мозокот му се потребни нови стимуланси со цел правилно да се развива. Но, едно нешто имајте во предвид, активноста која ќе ја одберете треба да биде нешто ново. Ако одберете нешто во што веќе сте добри, дури и ако тоа бара висока интелегенција, тоа не е најдобар избор на ментална вежба. Обидете се да вежбате секој ден, во истото време, бидејќи на овој начин брзо ќе се развиваат нови нервни врски.

Овие вежби помагаат во развојот на нови ментални сособности кај младите и ја заштитуваат острината на мозокот кај постарите лица:

  1. Научете песна на памет, играјте шах, решавајте тешки крстозбори, научете ги броевите на телефоните на памет, сметајте без помош на дигитрон, запомнете ја листата на потребни работи кои треба да ги купите. Внимавајте само изберете нешто ново.
  2. Користете ја другата рака, левата ако сте деснак и обратно. Така јадете, чешлајте се или работете со глувчето од компјутерот. На тој начин ќе ја стимулирате комуникацијата помеѓу двете хемисфери на мозокот кои ќе го подобрат менталниот капацитете и физичката рамнотежа.

Ако секојдневно ги применувате овие вежби, наградете се. Така ќе имате уште еден поттик за вежбање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma