Пивото, освен што може да не развесели, може и да не разубави. Овој пијалок содржи витамин Б и протеини кои можат да го подобрат квалитетот на косата или пак да ги исчистат акните.
Доколку сте љубител на пивото и не ви пречи да испробате некои необични ритуали за убавина, ви претставуваме три начини како пивото може да биде корисно, и тоа без мамурлак наредното утро:
Измијте ја косата со пиво: Миењето на косата со пиво еднаш во неделата ќе ја направи вашата коса мека и сјајна, а според некои истражувања и ќе го забрза нејзиниот раст. Пивото е одлична алтернатива за отстранување на наслагите на косата, бидејќи ги отстранува наслагите кои со текот на времето се таложат на влакната.
Припрема: измешајте 30 мл. вода, 30 мл. пиво, две лажици оцет и неколку капки есенцијално масло. Истријте ја мешавината на вашата коса, оставете ја да отстои 5 минути и исплакнете.
Маска од пиво: Според истражувањата, пивскиот квасец ја спречува појавата на акни. Овој пијалок го забавува производството на масти и ги уништува бактериите кои создаваат акни. Со секојдневно користење не само што ќе ја хидратирате вашата кожа, туку ќе се ослободите и од црнките.
Припрема: Измешајте лажица пиво, лажица јогурт, лажица маслиново масло и една белка од јајце. Навлажнете го лицето со топла вода и нанесете од маската. Оставете ја да отстои 15 минути, па добро исплакнете и нанесете хидратантна крема.
Бања од пиво: Во антички Египет жените седеле со часови во кади исполнети со пиво, со цел да ја освежат и хидратираат кожата и да го намалат ризикот од кожни заболувања. Ретко кој има можност да ја наполни кадата со пиво, но во секоја купка можете да додадете и една чаша од овој магичен напиток за мека и нежна кожа.