Ешли Кол повторно е во “погон” барем што се однесува до фаќање на згодни девојки. Како што пишуваат британските медиуми, во изминатата недела Ешли се забавувал со три различни девојки. Во саботата, во ноќен клуб, се сретнал со 21-годишните Playboy зајачици Карл и Мелиса. Како би избрал со која ќе ја помине ноќта, ги натерал убавите близначки да парадираат пред него. “Победничката” ноќта ја поминала со Ешли во домот кој некогаш го делел со познатата пејачка Шерил Кол. Неколку дена подоцна од концерт на Ријана во О2 Арената си отишол заедно со една од придружните танчерки на познатата пејачка. Шансите за повторно да се смири со Шерил, се еднакви на нула, земајќи го во предвид неговото моментално однесување.