На сите веќе им е смачено од слабите и анорексични манекенки кои дефилираат по модните писти. Голем број на жени, дури и ако имаат само неколку килограми вишок, кога гледаат модна ревија се фрустрираат и се чувствуваат лошо во своја кожа.
Но во модниот свет одредени брендови започнаа револуција со вклучување на манекенки со поголеми облини во своите ревии, но и со организирање на ревии за + size жени. Иако некои креатори и модни критичари негодуваа околу оваа идеја, поголем број на луѓе воодушевено ја подржаа.
Можеби имате вишок на килограми заради недоволно физичка активност, можеби имате генетска предиспозиција да се дебелеете или пак сте гурмани и едноставно уживате во храната. Во секој случај, треба да се чувствувате удобно во своето тело и да се ослободите од комплексите.
Добар начин да се чувствувате убаво удобно во својата кожа е да знаете да ја одберете и искомбинирате вашата гардероба.
Правило број еден за оние кои имаат вишок на килограми е збегнување на широка облека, која ќе ги направи да изгледаат уште подебели. На пример, доколку изберете поширока кошула, обврзо е да ја искомбинирате со потесни пантолони или тесна суќња.
Избегнувајте хоризонтални линии, но уживајте во вертикалните линии кои визуелно ќе го издолжат вашето тело. Исто така покрупните жени може да уживаат во покрупен накит, кој ќе го одвлече вниманието од поголемите облини.
Покрупните жени често избираат облека во потемна боја која визуелно го намалува нивниот обем, но не се плашете да одберете некој моден додаток, како на пример марама, во светла или дречлива боја.