Џоан Симпсон, биолошката мајка на Стив Џобс, не знаела дека нејзинот син ја загубил битката со болеста, бидејќи наводно и самата е премногу болна.
Седумдесет и девет годишната билошка мајка на џобс, страда од деменција и живее во старечки дом во Лос Анџелес.
Таа со својот сопруг Џобс го дале на посвојување уште додека бил бебе. Тој се родил додека тие биле студенти и не биле подготвени да бидат родители, затоа решиле да го дадат на посвојување.
Стив, бил посвоен од Пол и Клара Џобс, кои и му го дале името Стив Пол Џобс.
Стив, наводно со текот на времето се смирил со својата биолошка мајка.
С ооглед на тоа дека таа е тешко болна, страда од деменција, воопшто не ни знае дека синот ја загубил битката со болеста, пишува Дејли Мејл.
Биолошкиот татко, неодамна изјавил дека му е многу жал што не успеал да изгради подобар однос со синот, иако некои медиуми шпекулираат дека тие не ни биле во контакт. Сепак, осумдесет годишниот биолошки татко на Џобс, тврди дека со синот комуницирале преку мејл, а последната порака му ја испратил шест недели пред смртта.