Многу холивудски ѕвезди се појавиле на American Cinematheque Awards кој се доделува на секој актер или актерка, кој на посебен начин имал влијание на филмската индустрија .. Најголемо внимание привлекол добитникот на наградата Роберт Дауни Џуниор, кој својот гобвор го претворил во молба до сите присутни во салата да му простат на Meл Гибсон, кој му ја врачил наградата. “Ова е моето ебено време. Мел и јас го имаме истиот адвокат, истиот портпарол и истиот психијатар. Јас не можев да добијам работа, но тој ми ја даде”, изјавил Роберт, кој со Мел глуми заедно во филмот “Ер Америка”.
“Ако сте без грев, тогаш сте во погрешна индустрија, и ако имате гревови треба да му простите на Мел и да го пуштите мирно работи, изјавил Роберт гушкајќи го неговиот пријател и колега.