Постојат многу шпекулации околу тоа кој ги финансира протестите на Вол Стрит, кој се прошири низ многу градови во Америка, но и на другите континенти.
Името што се почесто се појавува е американскиот милијардер Џорџ Сорос, кој во септември се најде на листата десет најбогати американци.
На инсистирањето да изјави нешто повеќе за демонстрациите, Сорос одбил да биде вовлечен во таа приказна.
Сорос и демонстрантите негираат било каква поврзаност.
Меѓутоа, британската агенција Ројтерс, пронашла индиректни финансиски врски меѓу Сорос и Адбастерс, анти-капиталистичката група во Канада,
Инаку, Сорос кој беше на седмот место на Форбсовата листа на 400 богаташи во светот, вети дека ќе се откаже од вкупното богатство, половина додека заработува, а остатокот кога ќе умре.