Трговскиот центар Кент Парк во Анкара, Турција влезе во Гинисовата книга на рекорди откако постави модна писта долга неверојатни 2, 69 километри.
Сопствениците на овој трговски центар, во соработка со модниот дизајнер Ќемил Ипекчи ја создадоа најдолгата модна писта на светот. Укрсена во боите на турското знаме, модната писта започнува на влезот и се простира низ целиот трговски центар.
На отворањето на модната писта продефилираа најубавите манекенки, но и најпознатите турски дизајнери. Со својата должина од повеќе од 2,5 километри, оваа модна писта го струши рекордот поставен во Тајланд, каде беше направена писта долга 1,6 километри.
Е за да дефилираат на оваа модна писта, за манекенките нема да биде важно само идеалното тело, туку и добра кондиција и физичка подготвеност.