Дали сте еден од оние луѓе кои знаат да го најдат совршениот подарок, но никогаш не знаат да го завиткаат убаво? Следете го едноставниот метод за завиткување на голема кутија од прикажаното видео и вашиот подарок секогаш ќе изгледа убаво однадвор како и од внатре.
1.Собирање на материјалите за завиткување
Најпрво расчистете ја масата или некој поширок простор, спремете го подарокот, хартијата за завиткување, ножиците и селоејп за лепење
2.Осигурајте ги кршливите предмети
Секогаш проверете дали подарокот во кутијата е добро прицврстен и дека нема да се оштети при пакувањето.
3.Измерете колку хартија треба да се исече
Одмотајте ја хартијата за пакување, но сеуште не ја сечете. Поставетеја кутијата во центарот на одмотаната харија, наопаку, за шевовите на хартијата да завршуваат на дното на кутијата. Повлечете ја хартијата од едната страна на кутијата, а вооедно да е и над кутијата. Пресметајте усште колку хартија ке ви биде потребно да ја допокриете куијата и од другаа страна и потоа исечете ја хартијата.
4.Прицврстете ја хартијата за кутијата со селотејп
Значи, поставете ја кутијата во центарот на хартијата и покрите ја од едната страна. Парчето харија прицврстете го за кутијата со помош на селотејп.
5.Превиткајте ја останатата страна за да добиете поубав раб
Пред да ја наместите хартијата и од втората страна врз кутијата, направете убав и рамен шав со превиткување на хартијата со вапите прсти. Потоа земете ја и оваа страна, наместете ја над првата срана и исто прицврстете ја со селотејп.
6.Следете ја хартијата и прицврстете ја околу секој крај од кутијата
Почнете од едната страна и превикаје го остатокот од хартијата покрај самиот раб на кутијата и формирајте две мали крилца. Прицврстете ги крилцата долж самата кутија, а ппеостанатите мали триаголници прицврстете ги со селотејп.
7.Свртете ја кутијата обратно и повторете го претходниот процес
Претходно завитканата страна свртете ја надоле и повторете ја точката 6 за преостанатата страна.
8.Последни украсувања
Додадете машна или некои декорации на кутијата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=UCytLw_5VbM