Дали би ги користеле пастите за заби, шминките или би јаделе кекси и чоколадо, да знаете дека во нив има свинско???
Речиси 200 различни производи содржат масти, ензими, желатин и останати продукти кои настануваат во лабораториите по обработка на свинските производи.
На декларациите на овие броизводи начесто тие состојки се означени преку мистериозни Е-броеви. Многу од нив содржат емулгатори, односно засилувачи на вкус и конзерванси од свинско потекло.
Не е тоа нешто ново, тврди Стипан Блич, експерт за прехрамбена индустрија, само што многу луѓе не се запознаени со тоа.
Истражувањата покажале дека свинските нуспродукти се наоѓаат и во некои гуми за џвалање, сокови и кекси. Тие соржат емулгатор Е474, што значи дека тоа е свинска маст.
Тој емулгатор се наоѓа во чипсовите, смоките, млечните намази, сладоледи, пециво… јавноста била највеќе шокирана поради фактот дека тутунската индустрија хемоглобинот од свињите го користат за филтрите на цигарите.
„Мислам дека тоа е многу навредливо за муслиманите, евреите и вегетаријанците“, изјавил Симон Шапман од Универзитетот во Сиднеј.
Свинска маст содржи дури и муницијата. За конзервирање на барутот се користи масло со 13% свинска маст.