Рекордерката, чиј идентитет беше скриен под шифрата W115, а која беше запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстарото лице на Земјата, пред смртта своето тело го донирала.
Пред десетина години беше декодиран првиот човечки геном, па научниците детално ги секвенцирале гените на неколку стотици луѓе, но ниту еден од нив не предизвикал толкав интерес како оној кој бил целосно декодиран ДНК на 115 годишната жена, која во свое време била најстариопт жител на нашата планета.
Старицата чиј идентитет е скриен под шифрата W115, повеќе не е меѓу живите, но научцните веруваат дека декодирањето на нејзиниот геном е исклучително важен во разбирањето на здравјето, долговечноста и генетското наследување.
„Во времето кога починала, таа била најстарата жена на светот, но имала ум како млад човек“, тврди Хене Холстег од одделот за клиничка генетика од Универзитетската болница од Амстердам, кое го направила декодирањето на нејзиниот геном.
Оваа жена бо своето тело имала нешто кое ја штитело од разни видови болести, како деменција, на нејзиниот мозок не сме нашле никакви траги од алцхајмеровата болест, ниту било каква трага за срцево заболување или заболување на циркулаторниот систем, истакнал Холстег.
Инаку, кога жената има 113 години и било извршено тестирање за нејзината интелектуална способност, а резултатите биле кај како оние жени кои имале меѓу 60 и 70 години.
Експертот изјавил дека се надева дека она што било забележано во гените на оваа жена, ќе разјасни барем дел од тоа зошто некои луѓе се родени со гени кои им овозможуваат подолг живот.