Зајакнете го мозокот со седум добри навики

popara17 октомври, 20111min00
brain-supplements1

Ова е добро за поголемиот дел органи, меѓутоа за мозокот е посебно важно – што повеќе го користите, повеќе ќе работи. Мозокот учи и расте по пат на интеракција со светот, преку перцепција и акција. Најлошото нешто што можеме да му го приредиме на мозокот – е да не правиме ништо.

Менталните стимуланси, но и телесните вежби, се многу важни за работата и развојот на мозокот. Човечкиот мозок има способност на непрестани прилагодувања и промени. Дури и во староста може да дојде до обнова и раст на невроните. Губитокот на ментални способности најчесто предизвикува болест, додека поголемиот дел од губитоците на меморија поврзана со староста, едноставно е резултат на неактивноста, и недостаток на менталните вежби и стимуланси. Со други зборови, користете го, или ќе го „изгубите”.

Новото истражување од британските универзитети во Њукасл и Јорк, овие дена потврди дека учењето на нов јазик може суптилно да го промени и позитивно да го подобри начинот на кој размсилуваме.

„Знаевме дека учењето на нов јазик го подобрува знаењето на вашиот мајчин јазик. Освен тоа, децата кои знаат два јазика се поинтелегентни, додека кај старите лица познавањето на два јазика го одложува почетокот на деменцијата,” изјавила професорката Вивијан Кук од универзитетот во Њукасл.

Позитивното влијание на познавањето на повеќе јазици е последица на фактот дека со учењето на новиот јазик, учиме и нови концепти кои не постојат во нашиот јазик. Ова може да се покаже во сосема банален пример – доколку го земеме зборот ручек на пр., во англискиот јазик овој збор не носи иста слика како во италијанскиот. Освен тоа, тоа што е нешто од машки, или женски род во поединечен јазик може да влијае на тоа колку ни е симпатично, а освен тоа тука се и специфичните зборови кои постојат само во одредена култура и јазик. Што освен учењето на нов јазик може да го подобри работењето на мозокот? Научниците утврдија дека за тоа се одговорни низа активности. Тоа што мозокот дефинитовно не го сака е предолгата пасивност.

Навики кои го зајакнуваат мозокот

На пазарот се почесто се јавуваат психолози со различни програми на подобрување на работењето на мозокот, кои често се наменети за менаџерите и спортистите, кои за нив треба многу да платат. Меѓутоа, на сите нас, на располагање ни стојат вежби за мозок, како што се уклучувањето во разговор и дружење. Навиките кои го зајакнуваат мозокот се:

1. Комуникација

Едно истражување спроведено во Цирих, известува Braintoday.com, покажа дека личностите кои ги поминале специјализираните тренинзи на когнитивни способности и оние кои го вежбале мозокот со комуницирање со други, крајниот тест го решиле еднакво добро. Така, најдобар совет е интелектуално да си поврзан со другите, да разговараш во различни ситуации и со разни соговорници.

2. Телесни вежби

Да, зошто мозокот е дел од нашето тело и вежбањето влијае на неговото разботење. На пример, доколку пешачите секој ден по еден километар, практикувате телесна вежба која ќе спречи смалување на мозокот, ќе ја заштити меморијата и центарот за учење. Истовремено ќе ја зајакнете способноста да можете да се одбраните од болести и деменција.

3. Сон

Сонот е уште еден начин за консолидација на меморијата. Поради тоа е потребно редовно и доволно долго спиење. Освен што со тоа подобро ќе памтиме, ќе имаме и повеќе енергија за нови интелектуални задачи кои подобро ја одржуваат концетрацијата.

4. Учење и новости

Без разлика дали сте отпатувале на ново место, сте започнале да учите свирење на музички инструмент, или сте решиле крстозборка, или пак сте научиле нешто интересно, преку ова добро сте влијаеле на функционирањето на мозокот.

5. Размислувањето за минатото

Размислување за она што неодамна се случило, што сме научиле,  или размислување за настаните од кои не дели подолг временски период, делува поттикнувачки за мозокот. Тоа овозможува подолго памтење на информациите и нивно подобро разбирање.

6. Пријатели, хумор и позитивни мисли

Секое размислување не е исто. Како што постојат поттикнувачки мисли, така постојат и деструктивни. Препознајте кои превладуваат во вашиот ум и трудете се тоа да бидат позитивните. Навикнете се на позитивни мисли поврзани со иднината – нека тиа станат ваш примарен начин на размислување. Стресот и анксиозноста, било да се предизвикани од околината или од нашите мисли, ги убиваат клетките на мозокот и спречуваат раст на нови. Значи хроничниот стрес е еден од главните непријатели на мозокот, бидејќи на клеточна база уништува и оневозможува развој на мозокот.

7. Не ги потценувајте сопствените умствени способности

Не се потценувајте. Не се водете по мислењето на мнозинството, медиумски експонираните личности, пријателите на кои им се восхитувате, или пак на авторитетот во фамилијата. Секако, слушајте совети, меѓутоа одлуките донесете ги сами. Вежбајте ја својата моќ на просудување и учете од грешките.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma