Француската полиција уапсила тројца италијанци и еден французин, поради тоа што играјќи со обележени карти го оштетиле казиното „Princes” во Кан за 64.000 евра.
Французинот е обвинет дека ги обележил картите со невидливо мастило и наместил италијанците да ги добијат токму тие карти за покер.
Тројцата носеле специјални леќи преку кои можеле да видат нешто што не било видливо и за другите играчи.
Тие станале сомнителни по партијата во која еден од италијанците добиле 44.000 евра во игра против крупието, а потоа се вратил и заработил уште 20.000 евра.
Тоа ја иницирало истрагата во која било утврдено дека картите биле обележани со невидливи симболи и знаци. Пример, асот бил ознаен со линија, а попот со крст.
Осомничените за оваа измама им се заканува 10 години казна затвор, иако нивниот адвокат тврдел дека тие не направиле ништо незаконско, туку дека само добро се забавувале на Азурниот брег.
Полицијата верува дека тие веројатно го користеле овој систем во различни казина низ Европа.