Ван Гог не се самоубил, туку бил случајно убиен?!

popara17 октомври, 20111min00
VanGog

Авторите на новата биографија за славниот холандски сликар Винсент Ван Гог тврдат дека познатиот уметник не се самоубил, туку дека случајно со „расипан пиштол“ го убил двајца млади луѓе, кој тој ги познавал, пренесува Би Би Си.

Холандскиот уметник почина на 37 години, во 1890 година. Вторите на оваа биографија, Стивен Најфех и Вајт Смит, дошле до овој заклучок по десет години истражување на кое работеле повќе од 20 преведувачи, истражувачи и експерти од различни области.

Тие ги проучувале писмата на сликарот и создале база на податоци од 28.000 записи. Досега се веруваше дека Ван Гог, се убил во житните полиња во Овер сир Оаза, кои често ги сликал. Сликарот тешко повреден се вратил во гостилница, каде и умрел. Авторот Стивен Најфех, тврди дека „очигледно е дека сликарот не заминал во житните полиња да се убие“.

Авторите во студијата од 900 страни, во краткото поглавје на крајот го изесуваат тврдењето дека Ван Гог бил случајно застрелан од двајца браќа кои тој ги познавал. „Овие двајца млади луѓе од кој еден од нив носел каубојска облека и имал неисправен пиштол, а  често се среќавале и пиеле заедно со Ван Гог“„, стои во биогррафијата. „Така што имате двајца тинејџери со расипан пиштол, момче кое сака да биде каубој и тројца луѓе кои сакаат да пијат“, наведуваат авторите.

Објаснувајќи зошто Ван Гог би ги заштитил младите момчиња, авторите наведуваат „Винсент ја посакуваше смртта“ и несакал да ги вмеша тинејџерите во јавна истрага. Ван Гог наводно рекол: „Не обвинувајте никого…. јас сум тој што сакаше да се убие“. Авторите наведуваат дека сите жители на местото знаеле дека тој бил случајно убиен од тинејџерите и дека одлучил да ги заштити, па ја преземал вината врз себе“.

Понудени биле и други детали од предходни истражувања, меѓу кои и тој дека куршумот влегол во стомакот на Ван Гог под дијагонален агол, а не под прав како што тоа е најчесто при самоубиства.

Во книгата се наведува и дека семејството на Ван Гог, се обидувало да го смести сликарот во ментална институција долго пред тој доброволно да замине таму, како и дека неговата манија и депресија била резултат од епилепсијата од која боледувал сликарот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma