9) Frank Lucas
Frank Lucas (роден на 9 септември 1930 година) е американски поранешен дилер на хероин и шеф на организираниот криминал, кој работеше во Харлем во текот на доцните 1960-ти и раните 1970-ти година. Тој е особено познат по тоа што ги прескокнуваше посредниците во трговијата и директно купуваше хероин од неговиот извор во Златниот Триаголник. Lucas се фалеше дека шверцува хероин со користење на ковчези на загинатите американски војници, но ова тврдење беше демантирано од страна на неговиот соработник од Југоисточна Азија, Leslie. Во 2007 година неговата кариера беше адаптирана во играниот филм “Американски гангстер“. Карактерот на Lucas го толкуваше Denzel Washington. Во јануари 1975 година, во куќата на Lucas во Њу Џерси беше извршена рација од работна група која што се состоеше од 10 агенти од Групата 22 од Одделот за злоупотреба на наркотични средства во САД како и 10 детективи од Њујорк од Одделот за организиран криминал (OCCB). Во неговата куќа властите пронајдоа 584.683 $.
Тој подоцна беше осуден од Федерацијата како и од државата Њу Џерси. Следната година тој беше осуден на 70 години затвор. Откако беше осуден, обезбедените докази го поврзаа Lucas со повеќе од 100 случаи со дрога. За неговата безбедност во 1977 година, Lucas и неговото семејство биле поставени во програмата за заштита на сведоци. Во 1981 година, по 5 години поминати во притвор, неговата казна затвор во времетрање од 40 години од Федерацијата и 30 години од државата беа намалени со можност за помилување.