Како што бјавуваат некои светски медиуми, Оксана и Мел постигнале договор во кој Оксана ќе добие 750.000 $, куќата во која таа моментално живее, и уште некои други работи. За возврат, таа ќе треба да престане да му додева на Мел и секој од нив да си продолжи по својот пат. Тие исто така постигнале договор околу издржување на нивната ќерка Луција.
Мел и Оксана до конечното судско разрешување ќе почекаат се до 1 ноември, бидејќи адвокатите на Мел побарале од судијата да се доразгледаат преостанатите работи кои ги побарала Оксана за конечна разрешница.
Судијата Скот Гордон им оставил уште малку време на Мел и Оксана да ги дефинираат нивните разлики – но само до 1 ноември.