Активисти на српското национално движење „Наши“ во знак на протест против одржувањето на концертот на Дино Мерлин во Белград го запалиле знамето на Босна и Херцеговина, бидејќи според нив тој во последните дваесет години ширел омраза против Србите.
„Каков соживот со Србите! Господ не ги сака оние кои сеат неред и тој ќе ги отстрани со нашите пушки“, „Србите треба да зимаат лекови за својата болест, бидејќи јасно е дека се болни. Повеќето се болни и тоа е една од причините поради кои треба да одам во Белград, бидејќи болните се посетуваат“, ова биле само неколку од изјавите на Мерлин, навеле од движењето „Наши“.
Тие исто така потсетиле дека Мерлин за време на војната во Босна активно учествувал во исламската пропаганда против Србите и промовирал муслимански паравоени формации. Тој ја компонирал и песната во чест на воениот злосторник Алија Изетбеговиќ, „Da te nije Alija“.
Знамето на БИХ било запалено пред графит со ликот на Ратко Младиќ.
httpv://www.youtube.com/watch?v=phyDW2W891A