Кромидот – пријател на вашата кожа, коса, нокти

popara11 јануари, 20141min00
3

Кромидот содржи околу 150 различни корисни состојки и е одличен борец против акните и проблематичната кожа. Иако живиот кромид има непријатен мирис, овој зеленчук има широка примена во медицината.

Кромидот се смета за еден од најстарите лековити зеленчуци, но и покрај неговите лековити способности, не е признат во медицинската пракса, освен во хомеопатијата.

Кромидот е богат извор на флавоноиди кои имаат антихистаминско и смирувачко дејство за вашата кожа. Овој зеленчук има широка примена во козметиката како за лечење на кожата, така и за ноктите и косата.

За зајакнување на косата: Сомелете две главици кромид, ставете ги во ½ литар ракија и добро затворете го стакленото шише. Чувајте ја смесата 15 дена на умерена температура. Потоа процедете ја ракијата и со смесата масирајте го темето на главата и коренот на косата секоја вечер.

Против првут: Пред спиење втријте сок од корен во темето на главата и коренот на косата, па ставете најлонска ќеса и завиткајте ја главата со марама. Наредното утро измијте ја косата со шампон, а потоа измијте ја со вода во која претходно сте додаде малку јаболков оцет или лимунов сок.

За јаки нокти: Ноктите секојдневно масирајте ги со свежо иседен сок од кромид и очекувајте одлични резултати по само еден месец.

Лосион против црвенило на кожата: Исцедете главица кромид и во сокот додадете лажица оцет. Со овој лосион нежно мијте го вашето лице секое утро и секоја вечер, а потоа добро измијте го лицето и нанесете крема за смирување.

За слабеење: Помешајте 300 гр. издробен кромид со 600 гр. бело вино и 100 гр. мед. Секој ден пијте по една лажичка од смесата пред јадење.

Лосион за масна кожа: Ситно исецкајте го кромидот и сварете го во малку вода околу 15 минути. Процедете и оставете ја водата да се излади, а потоа во неа додајте 2 лажици лимонов сок за секои 50 мл. вода.

Мелем за изгореници и груба кожа: Во миксер изматете свеж или сварен кромид и исцедете го за да добиете што повеќе сок. Додајте малку маслиново масло и промешајте. Со овој мелем секојдневно мачкајте ја групата кожа или изгорениците.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma