Лондон – три илјади години по египетските фараони, еден таксист од Англија ќе биде мумифициран на ист начин, се вели во тв документарецот кој ќе бие емитуван во земјата кон крајот на месецот.
Алан Блис, 61 годишен таксист од Торквеј од југозападна Англија, умрел во јануари од рак на белите дробови. Пред да почине тој се согласил неговото тело да биде мумифицирано за потребите на овој тв документарец.
„Луѓето со години ги оставаат своите тела во служба на науката и без нив ништо не би било откриено“, изјавил Блис во документарецот кој треба да биде емитуван на 24 октомври.
„Ако не успее, не е крај на светот. Мене ќе ми биде сеедно, бидејќи ништо нема да почуствувам. Но, сето ова е многу интересно“додал тој.
Тимот предводен од патологот Питер Венезис, ги отстранил сите органи од телото на Блис, освен срцето и мозокот, потоа го оставил телото месец дена да се маринира во посебна течност со специјални соли, било наведено во соопштението.
Телото било исушено во специјална комора во медицинскиот центар во Шефилд, а потоа завиткано во ленено платно, па било тргнато од светлина и инсексти.
Научниците го користеле процесот кој го развил хемичарот Стивен Бакли од Универзитетот во Јорк. Тој го проучувал процесот на мумификација цели 20 гоидни. Тој своето истражување го фокусирал на 18-та египетска династија која имала најдобро сочувани мумии, вклучувајќи го и телото на Тутанкамон кој умрел во 1323 година пред нашата ера.
Едно од неговите откритија било дека мозокот на мумиите не им бил ваден преку носот.
Пред Блис, Бакли експериментирал со мумифицирањер на нозете на свињи, бидејќи нивното ткиво е слично на човековото. Откако тимот на научници го завиткале телото на Блис, неговата жена, вдовицата Џен, го посетила за последен пат.
Процесот на мумифицирање траел три месеци и експертите мислат дека успеале во своите намери. „Мислам дека е на пат да изгледа како најдобар примерок од 18-та династија пред 3000 години“, изјавил Бакли.