Конечно се појави видео спотот за четвртиот сингл од албумот “Femme Fatale” на Бритни Спирс. Видео спотот е снимен за песната “Criminal”.
Снимањето на спотот го привлече вниманието на фановите на поп-ѕвезда, но и на британската јавност. Всушност, за време на снимањето во Лондон, во весниците се појавија фотографии на кои се гледа како Бритни трча до супермаркет, а притоа носи пиштол. Инаку видеото беше најавено како модерна верзија на филмот “Бони и Клајд”, во кој двајца млади љубовници, ограбуваат банки. Дел од британските функционери се согласија дека спотот е непримерен, а притоа повикувајќи се на големите нереди кои се случуваат во изминатиот период на британските улици.
Како што беше најавено, Бритни на една забава се кара со својот вереник и си оди од забавата со друг дечко, кој всушност е криминалец.
Дечкото од видеото е Џејсон Травик, е сегашното момче на Бритни Спирс.
httpv://www.youtube.com/watch?v=aPEBs7ejuaw