Казната на популарната Линдзи Лохан е дека ќе мора да гледа мртовци!
Актерката и пејачка, Линдзи Лохан поради кршењето на условната казна, сега ќе се соочи со уште една сурова реалност, на 120 часа општествена работа во мртовечница.
24 годишната ѕвездаќе треба да го чисти ѓубрето, брише подови и прозорци, но сето тоа во мртовечница.
„Таа ќе треба да работи основни задачи“ изјавил помошникот на шефот на институцијата, Ед Винтер, но додал дека покрај тоа што нема да треба да носи мртовци, бунтовнилката од Холивуд со сигурност ќе ги гледа.
Ова не е нејзино прво соочување со оваа институција. Сепак, се дознава дека одделот кој ги доделува условните казни и општествените задачи има шанси да ја смени одлуката.
Сепак судијата Стефани Сотер, наредила Линдзи од Центарот за жени каде таа требала да извршува 360 часа општествена работа, да се смени со 120 часа работа во мртовечница, бидејќи таа во предходната работа не ги извршувала добро задачите и ја прекршила условната казна.