Токио – тренерот на сумо борачите Касугано добил дисциплинско предупредување од јапонската федерација за борење, поради тоа што ги претепал своите борачи со стап за голф.
Касугано морал да се појави на испитување пред федерацијата бидејќи тие откриле дека тројца борачи кои не го послушале неговиот предлог да носат кимоно кога излегуваат во јавност. Според извештаите сумо борачите добиле неколку удари од својот тренер по стомакот и грбот.
Бил пронајден и скршената голф палка во просториите каде тренерот ги води вежбите. Касугано (49), и самиот бил натпреварувач во сумо борењето, а овој инцидент е уште еден во низата кои го тресат овој јапонски традиционален спорт.