И возрасните понекогаш се како деца. Пример за тоа се фановите на Супер Марио и Angry Birds, кои се облекоа во костими од ликовите од овие игри и влегоа во Гинисовата книга на рекорди. Оваа група на маскирани луѓе постави нов гинисов рекорд за најмногу луѓе маскирани во ликови од игри собрани на едно место.
Овој настан го организираше BUYSEASONS, Inc од Њу Берлин, Висконсин, а во него учествувале 425 вработени во компанијата кои се маскирале како Марио, Луиџи, Варио, Пинк, Пек-Мен, Кен, Руи и други „фацки“ од познатите видео игри.
Компанијата го организирала овој настан за да се промовира себеси и својата работа. BUYSEASONS, Inc е една од најголемите американски компании за производство и продажба на секаков вид на костими за маскембал и секакви модни додатоци за забави и маскембали.