Се распаѓа и Чешката република!!! Пука по „шавови“!

popara19 октомври, 20111min00
105342

Во Чешка изминатава година дена во долговите кои им се закануваат на луѓето дури и со одзимање на имотот, се повеќе се јавуваат и деца, а најмладиот должник има само девет години.

Процентот на малолетници во вкупниот број на должници во Чешка моментално изнесува 4%, што за изминатата година, претставува зголемување од 200%.

„Најголем пораст на ненаплатени побарувања има кај сметките за мобилни телефони и поради шверц во јавниот превоз. Операторите на мобилната телефонија и градскиот превоз нудат на децата и младите посебни тарифи, а токму тука има најголем раст на долговите“, изјавиле официјалните лица од  агенцијата M.B.A. Фајнанс.

Оваа агенција изработила анализа за задолженоста на чешките деца. Све повеќе има случаи кои завршуваат со налог за судско запленување на имот, но од друга страна па, според чешкиот закон, судските извршители не смеат на децата да им запленуваат работи од лична сопственост, како велосипед или играчки, а неможе да им го префрлат долгот ниту на родителите.

„Секогаш испраќаме предупредувања на должниците и нивните родители, но во 87% од случаите, тие не реагираат“, изјавиле од M.B.A. Фајнанс.

Доверителите, сепак, доколку се трпеливи, нема да останат  со куси ракави се додека не почекаат децата да станат полнолетни, па тогаш на вратата да им затропаат и судските извршители.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma