Жителите на едно мало место на Карибите во солзи и тага го погребаа рептилот долг скоро 4,5 метри и тежок 450 килограми.
Почо, крокодилот тежок 450 килограми и долг 4,5 метри, бил вистинска ѕвезда на Карибите, благодарение на неговиот трнер Хилберт Шеден (54), кој го научил рептилот на разни трикови и акробации кои заедно ги изведувале.
Осум години тие двајца ги освојувале туристите и ги оставале без здив. Тренерот се прегрнувал и бакнувал со рептилот, нивните снимки ги имало и на интернет. Токму тренерот на овој крокодил бил најтажниот на погребот, кој низ солзи рекол дека неговиот другар многу ќе му недостасува.