Фејсбук: Луѓето со многу пријатели на ФБ, попаметни?! :)

popara19 октомври, 20111min00
35273

Истражувачите откриле дека луѓето кои имаат подолга листа на пријатели на Фејсбук имаат и поголема и поцврста структура во три области од мозокот, од оние кои имаат помалку онлајн пријатели.

Научниците истражуваа, но се уште немаат дознаено дали делот од мозокот задолжен за социјалниот живот влијае на луѓето кои многу време поминуваат на ФБ да имаат и повеќе пријатели, или пак честото користење на таа мрежа двоела до промени во мозокот.

Проучувајќи го мозкот на корисниците на популарната социјална  мрежа, која денеска брои 800 милиони корисници, истражувачите откриле дека луѓето со подолга листа на пријатели се и попаметни.

Како што пренесува AFP, станува збор за горниот дел од мозкот (горниот и средниот  темпорален лобус) кој се поврзува со социјалната перцепција, како што е и запазување на туѓите погледи или изрази на лица, и енториналниот кортекс кој пак е поврзан со памтење на лица и имиња.

Сепак за да се добијат дополнителни одговори за да се потврди сето ова, експертите велат дека треба да се направат дополнителни истражувања.

Пред три години, нврологот Сузан Гринфилд од Универзитетот од Оксфорд, крена голема прашина тврдејќи дека човековиот мозок во 21-от век целосно ќе се „раздетини“, дека ќе биде неспособен за долга концентрација и емпатија, дека ќе тежи кон сензационализам и игубено чувство на идентитет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma