Неодамна во Белото море бил пронајден модерниот Робинсон Крусо на еден остров, каде поминал повеќе од две недели. Спасувачите од Arkhangelsk виделе човек на малиот остров од нивниот хеликоптер. Се испоставило дека тој бил работник во манастир, кој инаку се водел за исчезнат од 1 октомври годинава.
25 годишниот млад човек изјавил дека откако неговиот чамец потонал во морето по една голема бура, тој се нашол на пустиот остров. За да преживее, ископал дупка во земјата за да се заштити од силните ветрови, јадел алги и пиел вода од дождот. Тој бил веднаш префрлен со хеликоптерот во болница, а неговата здравствена состојба била добра.