Поранешниот учесник во “Големиот брат” Сораја Вучељич искеширала 50.000 € за нов автомобил. Мерцедесот С класа би требало да пристигне секој ден, а атрактивната Сораја се фалела дека новото “милениче” го платила во кеш.
Упатени извори тврдат дека Сораја за голотијата во “Плејбој” се уште не била исплатена. Во, “Све за љубов” по емисија добива само 50 €, а во “Големиот брат” заработила 2000 евра. Па се прашуваат од каде и се толку пари за скап автмобил?
– Автомобилот пристигнува за неколку дена. Од секогаш ми се допаѓале автомобилите Мерцедес, изјавила Сораја.
Сораја исто така истакнала дека Мерцедесот го купила со свои пари.
– Јас го продадов стариот мерцедес, бидејќи не ми одговараше, многу беше голем, и за него добив 20.000 €. Преостанатите пари ги заработив од Плејбој, Све за љубов” и Големиот брат, објаснила Сораја од каде и се парите за толку скап автмобил.
Сораја била запрашана, како го купила и првиот Мерцедес, но не сакала да коментира во врска со тоа.