Во светот на познатите и Даниел Болдвин официјално се разведува од неговата сопруга. Но по се изгледа ќе треба добро да го одврзе ќесето.
Џоан Болдвин поднела документи за развод во државата Орегон … тврдејќи дека таа и Даниел имаат непремостливи разлики кои предизвикале “распаѓање на нивниот брак.”
Како што пишуваат некои таблоиди, Џоан од Даниел побарала по 4000 долари месецно за алиментација на нивните две деца, плус половина од сите приходи на Даниел.
Џоан, исто така, побарала од судот, Даниел да ја нзвади полисата од 1.000.000 $ за неговото животно осигурување, и да го подели за доброто на нивните две деца.
Според документите кои ги поднела, Џоан сака единствено старателство врз нивните деца. Таа, исто така, побарала да и биде доделен целиот мебел кој бил стекнат во бракот. Не му е лесно на Даниел, сега останува да се види судот како ќе пресуди.