Се развива судењето на Мајкл Џексон! Којзнае што ќе излезе на крај?!

popara20 октомври, 20111min00
Conrad-Murray

Адвокатите на д-р Конрад Муреј ќе повикаат еден од докторите на Мајкл Џексон на испрашување.

Д-р Дејвид Адамс – анестезиолог – го лекувал МЈ на 4 пати, користејќи пропофол за време на стоматолошките процедури.

Д-р Муреј изјавил за време на неговото испитување од страна на полицијата, дека д-р Адамс е еден од докторите кој му дал на Мајкл Џексон пропофол само за да заспие… еднаш со последица од 5 до 6 часа спиење, додека Муреј тврди дека бил присутен.

Муреј исто така изјавил дека Мајкл побарал Адамс да му биде доктор за време на “This is it” турнејата и Адамс побарал помеѓу $ 1,2 милиони и 1.3 милиони $.

Ние бевме известени дека одбраната ќе го повика д-р Адамс на испрашување – најбрзо што може – за да се утврди дека Мајкл е зависник од пропофолот и дека други лекари, вклучувајќи го Адамс, го дозирале со пропофол.

Но, ова е што ние знаеме. Извори поврзани со д-р Адамс тврдат дека ќе стане јасно – “Тој никогаш не го дозираше Мајкл само за да му помогне во заспивањето, иако Адамс ќе изјави дека тој му давал пропофолот за легитимни стоматолошки процедури”.

Но, уште поважно … Адамс сака да изјави пред поротата дека тој силно верува дека Мајкл станал жртва на финансиската алчност на Муреј. Адамс ќе изјави дека Муреј всушност преговарал со  Мајкл за негово исклучување од турнејата, така што Муреј ќе биде единствениот корисник на медицинскиот буџет на Мајкл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma