BBC објави нова снимка од документарецот „Blue Planet“ во која е прикажано огромно подвижно торнадо од риби. Како што стои во објаснувањето на видеото, малите риби пливаат со феноменална брзина и формираат џиновска формација во обид да избегаат од гладните грабливци во Тихиот Океан.