Потребно е: 1 зрела банана 2 дл ладно млеко 50 гр мелен бисквит 1 лажица какао во прав 1 лажичка ванилин шеќер 1 лажичка цимет шлаг Подготовка: Во блендер ставете ги бананата, млекото, мелените бисквити, какаото во прав, ванилиниот шеќер и циметот. Блендирајте една минута. Истурете во чаши за сервирање. Декорирајте со шлаг. Добар апетит!












