Две охриѓанки глумат србинки во Охрид на плажа, едната вели: – Јелена, доџи да се купамо… Другата: – Не могу ма, ме дупет камењава.

Полицаец на автопат запира автомобил: – Господине знаете дека не смеете да возите куче на совозачко седиште? Возачот му одговара: – Па ова е плишано куче. Полицаецот: – Не е битна расата, господине! 🙂

Цветко се пушта на девојка и и вика: – Ти си најубавата, најзгодната и најдобрата девојка која некогаш ја имам запознаено! А девојкава му враќа: – Ај бе не лажи, само сакаш да ме легнеш! А Цветко: – Опаа, дури и паметна си!

На брегот од Охридското езеро уметник црта пејсаж. Крај него се приближуваат Трпе и син му и застануваат зад неговиот грб. Откако извесно време ја набљудуваат работата на уметникот, Трпе поучно му вели на синчето: – Гледаш ли сине, како се мачат луѓето кои немаат фотоапарат…

Се возат во лифт една плавуша и една бринета. Наеднаш се заглавува лифтот и бринетата почнува да вика: ПОМОШ, ПОМОШ!, но никој не ја слуша. Се врти бринетата и и вели на русокосата никој не не слуша, ај да викаме заедно…и плавушата почнува: ЗАЕДНО, ЗАЕДНО! 🙂

Влегува убиец во една куќа во потрага по нови жртви… затекнува еден маж и жена. Убиецот ја прашува жената: Ти како се вика? Ана, вели таа. Добро тебе нема да те убијам мајка ми се викаше Ана. Го прашува потоа мажот: Ти како се вика? Јас Мирко, ама пријателите ме викаат Ана. 🙂

Си стоеле двајца полицајци пред гинеколошка клиника и читале плакат на кој пишувало: „Најзагрозени професии од сифилис се: 1. Актери 2. Шофери 3. Полицајци.“ Откако го прочитале, едниот полицаец го прашал другиот: – Абе колега, што е тоа сифилис? А овој му мавнал еден шамар и му рекол: – Е од такви како тебе сме […]

На час. Учителката ги проверува домашните: – Петар, зошто немаш домашно? – Вчера си ја повредив раката. – Седи, единица. А ти Марике? – Дедо ми се разболе. – Седи, единица. – А ти Tрпе? – Вчера брат ми се врати од затвор. – Се обидуваш да ме уплашиш, а? Седи двојка.

1. Нема шанси да се случи, женет сум. 2. Не, не, доста ми е, не ми ставај повеќе! 3. Извини ама не си мој тип. 4. Предлагам да не се тепаме, туку да позборуваме. 5. Апсурдно е да мочам на дрвото, нема ли тоалет во близината? 6. Ќе си одам, сабајле сум на работа.

escort - Korsan taksi