28-годишната ѕвезда од серијата „Gossip Girl“ присуствуваше на ревија на Мајкл Корс и го набљудуваше шоуто од првиот ред заедно со својата мајка Илејн. Ревијата, на која беше претставена колекцијата есен/зима 2016, се одржа во рамките на Њујоршката модна недела. Популарната актерка носеше бежов фустан и палто од колекцијата pre-fall 2016 на 56-годишниот американски дизајнер. […]












