“Пајрат Беј” хакиран, украдени информации од 4 милиони корисници

24 септември, 20100
The-Pirate-Bay-1logo

Шведската база на мрежно споделување датотеки, која често пати беше обвинувана за кршење на авторски права и закони, сега е пробиена од тројца аргентински програмери. Аргентинското трио тврди дека ја има целата база на податоци, вклучувајќи ги имињата, ip-адресите и пораки од четири милиони регистрирани корисници, кои нелегално ја користеле пиратската мрежа за преземање и испраќање на копии од филмови, игри, музика и софтвер. Хакерите сеуште не се изјасниле што ќе прават со целата база на податоци, но претпоставуваат дека многу медиуми и индустрии ќе бидат заинтересирани за овие информации. Хакерите преку SQL успеале да дојдат до администраторскиот панел на страната, и како што велат тие, немале никаква намера да нанесат зло на сајтот, туку нападот бил извршен како доказ за концептот на хакирање. Еден од хакерите изјавил дека како и секоја друга веб страна, така и “Пајрат беј” има робусни и ранливи делови, и вели дека корисниците не треба да се грижат за компромитирање на нивните лични податоци. Овaa веб страница беше пробиена во 2007 година и се тврдеше дека многу медиумски компании го нарачале хакирањето. Истата беше укината некое време, но повторно се врати со што ја зголеми безбедноста и во моментов функционира нормално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi